Search

Стојаноски: Наумоски во ек на епидемија ќе потроши 10.000 евра за кетеринг

Интегрален текст од прес конференција на Бојан Стојаноски, претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ

„Во време кога компаниите ги отпуштаат вработените, кога граѓаните се соочуваат со огромна економска неизвесност, Општина Ѓорче Петров расипнички ги троши парите на граѓаните.  Општина Ѓорче Петров на чело со градоначалникот Александар Наумоски  во екот на епидемијата донела одлука да потроши пари за кетеринг.

Сите економски и стопански субјекти говорат дека ќе недостигаат пари за основни функции, граѓаните се плашат за своите работни места и за егзистенцијални прашања, а секој ден се зголемува дупката во државниот буџет,  но затоа локалната власт во Ѓорче Петров се луксузира.

Имено општина Ѓорче Петров на ден 19.03.2020 донела одлука за избор на најповолна понуда за набавка на угостителски услуги  во проценета вредност од  500.000 денари без ДДВ.

Наместо да се алоцираат средствата за подобро справување со кризата со вирусот, општина Ѓорче Петров ќе потроши без малку 10.000 евра на јадење и пиење.

Не може да нема средства за набавка на средства за дезинфекција во услови на најголемата епидемија во 21 век, а да има за кетеринг.

Оваа набавка е уште една од низата на непродуктивни трошење во кризен период, како што беше онаа за привремени вработувања исто така склучена во екот на кризата во месец март во вредност од околу 11 милиони денари.

Меѓутоа, и оваа набавка ја потврдува неспособноста на локалната власт за менаџирање со локалниот буџет. Очигледно е дека СДСМ нема намера да се откаже од своите навики за расипничко трошење, а одговор за ваквите навики секако треба да дадат градоначалникот и Општина Ѓорче Петров.

 

Треба да знаете
Последни објави