Search

Стојаноски: Во ек на огромна криза и тешка депресија и сиромаштија Заеви отвораат нови бизниси и компании

Во ек на огромна криза, тешка депресија, сиромаштија и затворање на многу бизниси Заеви го шират бизнисот со нова компанија и бизнис. Овој пат впишан како основач е Бобан Заев.

Пред четири дена, на 06.08.2020 година, братучедот на Зоран Заев, Бобан Заев, со основачки влог од 1 милион денари го регистрира, друштвото за производство, трговија и услуги БОБАН ЗАЕВ ХОЛДИНГ ДООЕЛ Струмица. Ова се документите кои го потврдуваат тоа.

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а Заев за само три месеци го задолжи секое македонско домаќинство со по нови 2.000 евра, Заеви продолжуваат да ја градат својата империја.

По градежните фирми со лиценци за ископ на минерални суровини, камионите кои вртеа во РЕК Битола, фабриките за марихуана, и многу други кои на еден или друг начин се сврзани со државата и парите на граѓаните, се поставува прашањето за што е формирана оваа фирма и каква лиценца или договор треба да добие?!

Дали Холдингот на Бобан Заев е фирмата преку која СДСМ сака да ги испумпува парите на граѓаните од општините каде СДСМ е власт, но и да служи за евентуално празнење на државниот буџет доколку СДСМ направи влада?!

Работењето на фирмите на Заеви во Струмица, но и во Република Македонија во изминатиов период, во кој добиваа тендери, лиценци и договори за работа со државни фирми, е класичен доказ дека Заеви ја користат државата единствено за лично богатење.

Заеви во изминативе години додека СДСМ е на власт, но и пред тоа додека Зоран Заев е градоначалник на Струмица, со пајажина од фирми работат на искористување на политичката моќ која ја имаат за приватни цели и окрупнување на нивното богатство. Оваа класична злоупотреба која Заеви ја спроведуваат низ годините, ќе биде детално ревидирана веднаш по воспоставувањето на владеењето на правото во Република Македонија.

            Прашање: Заев вели дека имал мнозинство и коалиција со ДУИ. Ваш коментар околу ова?

            Одговор: Ова е уште едно од оние од циклусот на низата настани – Заев рекол, Заев порекол. Можевме да видиме во кампањскиот период како Зоран Заев ги условува Албанците и ДУИ, како гласачи или во оној како пазар на гласови дека не вредат ни пет пари. Ама еве сега кога е би кажал тесна работата, буквално е на колена и ги моли да состават парламентарно мнозинство, кое што нема да гарантира стабилна иднина на Република Македонија, туку ќе гарантира дека ќе биде амнестиран криминалот и ќе продолжи неговото лично богатење. Нешто кое што беше и темата на оваа прес конференција. Значи да сумирам, Зоран Заев не сака да формира парламентарно мнозинство или да формира Влада која што ќе се грижи за иднината на Република Македонија. Туку сака да формира и буквално моли на колена за парламентарно или владино мнозинство кое што ќе гарантира амнестија за криминалите и продолжување на неговото лично богатење.

Треба да знаете
Последни објави