Search

Стојаноска: Уредбите кои ги донесе Владата за вонредна состојба не беа за надминување на економската и здравствената криза

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисија на телевизија 24 зборуваше за ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да гласа за продолжување на вонредната состојба затоа што уредби кои беа претходно донесени не дадоа ефекти за да се надмине економската и здравствената криза.

-ВМРО-ДПМНЕ беше меѓу првите партии кои повика на вонредна состојба, но денеска дојдовме до фактот дека после тие прогласени уредби видовме дека причината поради која истите се донесоа  нели беше пандемијата која што ја зафати Македонија и секако економската криза која што ние предупредувавме од февруари месец. Но видовме дека  никакви ефекти од тие уредби не се постигнаа затоа што голем дел од тие уредби не беа наменети за економската и ковид кризата, беа наменети за други цели, да не речам злоупотреба за изборите кои следуваа, не беа наменети стриктно само за здравствена криза и затоа денеска се наоѓаме во уште подлабока здравствена  криза  која е и економска кој што и двете во периодот кој што следува ќе се продлабочуваат, истакна Стојаноска.

Таа во своето гостување додаде дека од овие причини денеска ВМРО-ДПМНРЕ јавно излезе  со ставот дека  нема да гласа за овие уредби затоа што ништо позитивно не донесоа.

Стојаноска во своето гостување во телевизија 24 зборуваше и за почетокот на учебната години каде истакна дека многу несериозно е изјавата на министерката за образование и наука  која вели дека чекор по чекор ќе се решаваат проблемите во образовниот процес.

-Што станува со почетокот на учебната година за основните и средношколците. Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека по чекор ќе ги решава проблемите, па тоа е доста несериозно. Еве ни се донесени за следната недела по скратена постапка законите за ученички и студентски стандард, а учебната година започнува од утре. Седницата е на 6 октомври и за тоа кој треба да размислува, истакна Стојаноска во нејзиното гостување.

Треба да знаете
Последни објави