Search

Стојаноска од Гостивар: На 15 јули изборот е помеѓу еснафот и чесноста или криминалот и свитканата кичма

Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија заедно со останатите кандидати за пратеници од оваа изборна единица остварија средба со сопственикот на една од најстарите и најреномираните слаткарници „Рекорд“ во Гостивар. Таа посочи дека сопственикот на оваа слаткарница е еден од вистинските гостиварски еснафчии.

Збор еснафчии за секој вреден гостиварец и приватен стопанственик значи многу. Еснафот кај нас е синоним за чесност. И жалам што имавме можност две и пол години да имаме премиер без „Е“ од еснаф. Што се однесува до „Е“ од европските вредности за кои што велеше дека се неговиот избран пат ни останаа само евро за бате и евро за црквата и она „Е“ кое што им го порача на македонскиот народ и на сите негови соработници, истакна Стојаноска.

Стојаноска од Гостивар порача дека  на 15 јули изборот е помеѓу еснафот и криминалот или помеѓу чесноста и свитканата кичма и дека на 15 јули изборот е бројот 14 за исправена Македонија.

Треба да знаете
Последни објави