Search

Стојаноска од Брвеница: На 15-ти јули ќе се казни двапати аболицираниот политичар кој го пцуе својот народ

Носителот на изборна единица 6, Дафина Стојаноска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посетија општината Брвеница, при што остварија средба и со мештаните.

Стојаноска посочи дека на овие избори ќе се одлучи кој и како ќе ни се води државата. Време е Заев да си оди од власта. Време е за обнова на Македонија.

„За мене е огромна чест и одговорност да бидам носител на листа во која што се запишани луѓе кои си ја сакаат и чуваат Македонија. Луѓе кои се подготвени да се борат за правда и нејзин напредок, за честа и достоинството на сите нас, за заедничка корист за сите, а за ничија штета“, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека изминативе три години македонскиот народ беше многу оштетен, ограбен, понижен, осиромашен, излаган и навредуван. Во сопствената куќа македонскиот народ стана кираџија.

„Заев си го исклучи воздухот кој што си го дишеше, ги искина жиците на клавирот и гитарата, а заборави на она што некогаш го вети. Ги предаде своите таткови и чичковци, и се прашувам што сега му објаснува на својот сопствен син за Македонија од која направи црна дупка“, посочи Стојаноска.

Стојаноска рече дека ова доволно зборува за Зоран Заев и затоа на 15-ти јули од македонскиот народ ќе заврши како политички Пинокио. СДСМ во политичката понуда нема ништо ново, ги злоупотребија и ваучерите од Ковид пакетите, на граѓаните делат по 3-4.000 денар, а власта меѓу себе дели милиони.

„Јас верувам дека мојот народ на овие избори ќе го направи вистинскиот избор. Дека ќе им сврти грб на лажливите политичари кои правдата ја испорачуваат во торби полни со пари, кои викаа на цел глас низ Македонија дека нема правда и нема мир, а цела Македонија ја направија една огромна неправда за само три години. Наместо правдата на дело, Заев ги извади криминалците од затвор и истовремено ни ги креираше политиките на „Рекет 1“, „Рекет 2“, аферите „Кеш“, „Дрон“, „Леонардо“, „Боро Малборо“, „Марихуана“ итн.“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска за крај пред жителите на Брвеница посочи дека на овие избори ќе се одлучи дали сите граѓани ќе живеат еднакво под македонското сонце или тоа само ќе биде привилегија на Заеви елити. На овие избори се одлучува дали два пати аболицираниот политичар кој го пцуе својот народ ќе победи или ќе се казни.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/221343468854413/

Треба да знаете
Последни објави