Search

Стојаноска: Заедно со младите ќе ја започнеме обновата на Македонија и ќе креираме подобра иднина за нив

Дафина Стојаноска, носител на изборната единица  6 при нејзината посета денес во Гостивар посочи дека како и сите други родители така и за нејзе најголема мотивација се нивните деца односно грижата за нивната иднина, нивното здравје , нивната сигурност и нивното образование.

„Иднината на младите во Македонија е ставена на коцка, а нивната сегашност не е воопшто она што едни млади луѓе го заслужуваат како млади луѓе кои што знаат и сакаат да вложат во својата сопствена држава. И затоа изминативе три години заминувањето на младите од Македонија воопшто не запре туку напротив. На списокот на млади кои си заминаа од Македонија има различни имиња како Александар, Аднан, Мухамед, Петар и други. На овој список имињата се различни, но има едно нешто заедничко, а тоа е дека сите овие млади заминуваат затоа што не сакаат во држава во која неправдата стана закон, а криминалот единствен клуч за успехот. Затоа како родители и како политичари треба да ја искористиме нашата мудрост и да ставиме стоп на ова заминување на младите од Македонија. Треба младите да ги задржиме тука и нивната креативност и нивната визија да ја искористиме за еден ден тие да ја градат иднината на Македонија. Еден ден тие да бидат оние кои што ќе се гордеат со својата држава, со нејзиното знаме, со нејзината химна и со нејзиното име“ истакна Стојаноска.

Стојаноска при нејзината посета порача дека обновата и е неопходна на Македонија, а секоја обнова започнува со младите.

„ Се обврзувам од името на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ и заедно со Унијата на млади сили сите заедно се обврзуваме  дека ќе ја градиме иднината на младите заедно со нив и дека ќе ја обновиме нивната сегашност. Затоа на 15 јули сите заедно масовно ќе излеземе и ќе го заокружиме бројот 14 за обнова на сегашноста и креирање на подобра иднина за младите. Млади во Македонија не заминувајте од земјата, туку нека замине власта од ова земја, додаде Стојаноска.

Треба да знаете
Последни објави