Search

Стојаноска:Владата на СДСМ и Заев се однесува измамнички кон граѓаните

Владата на СДСМ и Заев се однесува измамнички кон граѓаните. Тие ветија поевтино парно и не го исполнија тоа, па откако беше откриена оваа измама, пуштајќи го во собраниска процедура законот за измена на ДДВ  каде не се предвидува намалување на ДДВ-то  за парното,  нешто што го ветуваа претходно, панично побрзаа на полушверцерски начин, под притисок на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста да поднесат амандман со кој се предвидува намалување на ДДВ-то за парно услуги.

Значи беше потребна бурна реакција од јавноста и ВМРО-ДПМНЕ за власта во 5 до 12 да поднесе амандман за намалување на данокот за парното.

Зоран Заев ги лажеше граѓаните пред вториот круг од изборите дека ќе го намали данокот за парното, а тоа всушност не планирал ни да го стори. Сега дваесетина дена откако излажа, и ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе амандман на законот тие истрчаа да го направат тоа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи амандманот за намалување на данокот на додадена вредност за парното, кој е резултат на нашата реакција и притисокот од јавноста.

Оваа влада покажува дека е неспособна и измамничка. Дека не ја интересираат граѓаните, туку личните кариери на поединците од власта.

 

Треба да знаете
Последни објави