Search

Стојановски успешно ја претставуваше Македонија на 24. ЛОИ за глуви и наглуви лица

Националната спортска федерација за глуви на Република Северна Македонија учествуваше на 24 Летни олимписки игри за глуви и наглуви лица кои се одржуваат во Бразил.

Помеѓу 4 000 спортисти учесници од целиот свет, С Македонија ја претставуваше пливачот Андреј Стојаноски, избран за најдобар спортист во 2021 во категорија на лица со инвалидност.
Како што информираат од НСФГМ, Стојаноски пливал во пет дисциплини и во сите тие избори настап во финалните трки.
Најдобри резултати се:
– 400м мешано 4 место;
– 100м градно 4 место;
– 200м мешано 4 место;
– 200м слободно 7 место и
– 400м слободно 8 место.
Зад успесите на Андреј Стојаноски стои и неговиот тренер-селектор Методија Ангелески.
Треба да знаете
Последни објави