Search

Стотици краби ги преплавија улиците на гратче во Флорида

Мирниот живот на жителите на Стјуарт, Флорида беше вознемирен од бизарна појава кога нивниот град стана миграциска патека за стотици краби, пренесува „Спутник“.

Стотици сини копнени краби ги преплавија улиците на Стјуарт, открива застрашувачко видео снимено од еден од жителите на градот, на коеможе да се види како шетаат по патот и тротоарите.

Крабите потоа се одат кон грмушкитедодека поминува автомобил, засолнувајќи се крај патот. За жал, не сите од нив се во можност да избегаат, бидејќи извесен број биле прегазени од автомобилот.

Според научниците од Универзитетот во Флорида, сезоната на парење и миграција на сините копнени краби трае до декември, а кулуминацијата е кон крајот на есента.

Треба да знаете
Последни објави