Search

Стотици затвореници побегнаа од затвор во индонезиска Западна Папуа

Најмалку 258 затвореници избегаа од затворот во провинцијата Западна Папуа во Индонезија за време на протест против третманот на папуанските студенти наа главниот остров Јава, соопшти денеска управникот на установата Абе Кусуманто.

Илјадници луѓе маршираа вчера во Западна Папуа и запалија неколку владини згради како одговор на нападот врз папуанските студенти на Источна Јава кои во петокот протестираа за самоопределување за својата татковина .

Затворениците во државниот затвор во градот Соронг, во кои се наоѓале 547 затвореници, почнаа немири и запалија делови од зградата откако биле испровоцирани од демонстрантите, изјави Кусуманто. Тој појасни дека тие го урнале ѕидот и побегнале.

Треба да знаете
Последни објави