Search

Стотина мртви во поплавите во Индија, тигрите бегаат во домовите на луѓето

Една од најголемите реки во Бангладеш, Џамуна, се изли од своето корито и поплави најмалку 40 села во северниот дел на земјата, поради што се раселени повеќе од 200.000 луѓе, додека пак монсунските дождови од куќите веќе протерааа околу шест милиони луѓе во соседна Индија, пренесува „Ројтерс“.

Според најновите податоци, во поплавите во тамошните држави Бихар и Асам настрадаа 97 лица.

Силните дождови и поплави во овие индиски држави траат од минатата недела, поради што дури и дивите животни бараат засолниште во домовите на луѓето.

Така, денес е откриен возрасен тигар кој спие во куќа што се наоѓа на работ од резервоарот за животни.

„Се чини дека тигарот залутал во човечката населба бегајќи од поплавите и бил многу уморен. Ние се подготвуваме да му дадеме средство за смирување“, изјави за „Ројтерс“ директорот на резерватот Шив Кумар.

Властите стравуваат дека ловокрадците може да се обидат да ја искористат ситуацијата и за време на поплавите да тргнат во лов на незаштитени животни како еднорогиот носорог, вид што има само 3.500 примероци во светот.

Треба да знаете
Последни објави