Search

Столтенберг: Ќе одговориме на секој напад, испраќаме сигнал до Русија

НАТО ќе одговори на секој напад на Полска или балтичките земји, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Преку присуство на силите на НАТО во Полска и балтичките земји, испраќаме многу силен сигнал до Русија – доколку има напад врз Полска или балтичките земји, целата Алијанса ќе одговори, рече Столтенберг пред самитот на НАТО.

Тој истакна дека НАТО нема список на непријатели, но ќе одговори каде што ќе биде потребно.

САД претходно ја повикаа Турција да го поддржи одбранбениот план на НАТО за Балтикот и Полска. Турција досега го одбиваше тоа, истакнувајќи дека НАТО треба повеќе политички да ја поддржува Анкара во борбата против курдската милиција во Сирија.

Столтенберг рече дека не се спротивставува на посилниот одбранбен став во ЕУ, но додаде дека нема смисла во обидот да се замени НАТО.

Алијансата слави 70 години, а лидерите од 29 земји-членки ќе го одбележат јубилејот денеска и утре во близина на Лондон.

Треба да знаете
Последни објави