Search

Столтенберг: Ја поканивме Македонија за членство во НАТО

Столтенберг: Ја поканивме Македонија за членство во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг попладнево од Самитот на НАТО во Брисел порача дека ja поканиле Владата во Скопје да добие покана за членство.

Штом ќе се завршат процедурите околу Договорот таа ќе стане членка. Тој го поздрави Договорот меѓу Атина и Скопје.

„Имаме дискусии, имаме и несогласувања, но најважно е што имаме одлуки кои ја туркаат алијансата напред и не прават посилни“ – рече тој.

„Ги повикуваме сите политички лидери во земјата да имаат конструктивна улога во овој процес, и во брза имплементација на договорот за името“.

Тој кажа дека мора да се борат за поголема безбедност и против тероризмот. Тие ќе основаат нов центар за кибернетски операции. Се разгоаварало и за состојбата на Блискиот Исток и Северна Африка. Ќе се интензивира борбата против ИСИС.

Треба да знаете
Последни објави