Search

Столтенберг: Турција го блокира планот за заштита на Балтикот и Полска

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Турција и го блокирала на Алијанската планот за засилување на одбраната на балтичките држави и Полска против Русија.

На прес конференцијата во Водфорд, во непосредна близина на Лондон, оддржана по завршувањето на самитот на НАТО, Столтенберг додаде дека лидерите на земјите членки на Алијансата не разговарале за милициите на сириските Курди, кои Турција ги смета за терористичка организација, пренесуваат британските медиуми.

Во пресрет на самитот, официјална Анкара одби да го прифати планот на НАТО за балтичките земји и Полска, додека не добие поголема поддршка за својата борба против сириските Курди.

Столтенберг додаде и дека НАТО се залага за дијалог и подобар однос со Русија, како и дека е убеден дека Кина треба да биде дел од идните преговори за ограничување или намалување на вооружувањето.

Треба да знаете
Последни објави