Search

Столтенберг: Пандемијата се користи за да се ослабне НАТО

Пандемијата од Ковид-19 се користи во обид да се ослаби НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на настан организиран од Центарот за анализа на европска политика.

– НАТО е и ќе остане регионален сојуз, но ние ќе ја прошириме нашата работа со разни организации ширум светот во борбата против дезинформациите, тероризмот, епидемиите и заканите од вселената, додаде тој.

– Сојузот е силен, со висока подготвеност за акција, со големи инвестиции во одбраната. Предпандемиските воени закани не исчезнаа, рече Столтенберг.

Тој бара НАТО да може да испраќа силни пораки и истакна дека пактот неодамна остро го осуди труењето на Алексеј Навални и ја повика Москва да го испита нападот, кој не е насочен само кон една личност, туку и кон основните права.

– Потребна е силна меѓународна реакција на овој случај, додаде генералниот секретар.

Столтенберг ја забележа растечката моќ на Кина бидејќи земјата стана лидер во технолошкиот развој и се најде на второто место во светот според воените трошоци.

Тој рече дека Пекинг не се двоумел да ги искористи овие предности за да изврши притисок врз други земји.

Треба да знаете
Последни објави