Search

Столтенберг: Очекувам да продолжите со реформите

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува државава во наредниот период да продолжи со реформите и се надева дека, по Грција, и останатите сојузници најскоро што може ќе го ратификуваат пристапниот протокол.

– Очекувам да продолжите со реформите, со модернизацијата, Ќе ви помагаме, ќе соработуваме, но повторно, целта е да си помагаме. Ние ќе ѝ помогнеме на Северна Македонија да се модернизира, ќе ја заштитуваме, но и вие ни помагате нам, со учеството во мисијата против тероризмот во Авганистан и учествувате во нашата КФОР мисија на Косово, помагате за стабилизирање на Западен Балкан. Целата идеја е да постигнеме повеќе заедно и секоја посебна земја ќе постигне и сама. Тоа е идејата на НАТО и користа да се биде дел од НАТО, вели Столтенберг во интервју за 1ТВ.

Видовме,  истакнува Столтенберг, силна волја и посветеност во Скопје, во Северна Македонија, за спроведување на реформите.

– Затоа сите сојузнички се согласија да ве поканиме да станете членка и затоа го потпишавме пристапниот протокол. Затоа сум убеден дека сите сојузници ќе го ратификуваат во нивните парламенти. Но истовремено, мора да бидеме внимателни и да разговараме за натамошните реформи, како судските и безбедносните институции, наведува Столтенберг.

Треба да знаете
Последни објави