Search

Столтенберг остро ги осуди нападите на Нов Зеланд

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска остро ги осуди нападите во двете џамии на Нов Зеланд, при кои, според последните податоци, загинаа 49 лица.

– НАТО стои зад нашите пријатели и партнери од Нов Зеланд во одбраната на отвореното општество и заштитата на заедничките вредности, порача Столтенберг на Твитер.

Првиот човек на НАТО изрази сочувство и поддршка до семејствата и пријателите на загинатите и повредните во терористичките напади, што се случија во новозеландскиот град Крајстчрч.

Треба да знаете
Последни објави