Search

Столтенберг: НАТО нема да се меша во изборите во САД

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека Алијансата, без оглед на исходот од изборите во ноември во САД, ќе остане основа на безбедноста за сите 30 сојузници.

„Во интерес на Европа и Северна Америка е да застанат заедно, особено во сè понепредвидливиот свет каде што гледаме нови безбедносни предизвици и промена на рамнотежата на моќта со Русија и Кина“, рече Столтенберг.

Одговарајќи на прашањето за можното влијание на исходот од претседателските избори во САД врз соработката во рамките на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Северноатлантскиот сојуз никогаш не се меша во политичките процеси на ниту една од 30-те демократии, членки на Алијансата.

Тој изјави дека меѓу сојузниците има различни ставови за прашањата на распределбата на трошоците, трговијата и климатските промени, но дека сојузниците на НАТО секогаш стојат рамо до рамо кога станува збор за главните цели на Алијансата, а тоа се одбраната и заштитата.

„Станува сè поважно, вклучително и за САД, да имате 29 пријатели и сојузници кои нè прават сите заедно посилни и побезбедни“, вели Столтенберг.

Треба да знаете
Последни објави