Search

Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Северноатлантската алијанса нема да биде вовлечена во војната на Путин.

“Руската нелегална војна во Украина продолжува да сее смрт и страдање секој ден. Како што зимата се засилува, Русија ја бомбардира енергетската инфраструктура на Украина. Тие се обидуваат да ги замрзнат и изгладнуваат Украинците. Путин ја користи зимата како оружје. Не смееме да му дозволиме да победи и НАТО нема да биде дел од конфликтот. Нема да бидеме вовлечени во војната на Путин“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека ако Путин победи, тоа само ќе ги зајакне авторитарните лидери да користат сила за да ги постигнат своите цели.

„Тоа би го направило светот поопасно место, а сите нас многу поранливи. Затоа задачата на НАТО е да ја поддржи Украина и да спречи војната да се шири понатаму. Ова го правиме со испраќање јасна порака до Москва дека ќе ја браниме секоја на нашите сојузници. Затоа го зголемивме нашето присуство во источниот огранок на Алијансата“, рече Столтенберг,пренесе Телеграф.рс.

Треба да знаете
Последни објави