Search

Столтенберг: Да се засили обуката за да не се бориме повторно против ИД

– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата мора да ги засили своите воени операции за обука во Ирак за да се обезбеди нејзините членки да не се вратат во борба против екстремистите од Исламска држава.

– Треба да имаме силни обуки, да сториме сè, од министерствата за одбрана, институциите, командите и контролата,  до обука на силите. НАТО тоа го може. Веќе го правиме тоа, но треба да засилиме, рече Столтенберг пред европратениците во Брисел.

НАТО во 2018 година одобри воена обука во Ирак, во која би биле вклучени околу 500 војници со цел создавање на ирачки вооружени сили кои би можеле подобро да се борат против екстремистичките групи, како што е ИД.

Сепак, операцијата беше ставена во мирување откако американските сили на почетокот од месецов го гаѓаа аеродромот во Багдад и го убија иранскиот командант, по што ирачката Влада побара од странските трупи да ја напуштат земјата.

Треба да знаете
Последни објави