Search

Стоилов: Дуелот со Мотор можеби е еден од последните натпревари на Вардар

Егзодусот во редовите на македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен машки првак Вардар го принуди капитенот Стојанче Стоилов во пресрет на дуелот од елитното клупско натпреварување со украинскиот Мотор Запорожје да проговори за неизвесната судбина која ги демне „црвено-црните“. Според Стоилов претпоследниот домашен натпревар од групата во Лигата на шампионите со Мотор Запорожје кој ќе се игра в сабота (17.30) можеби е еден од последните за Вардар.

-Не знаеме што ќе се случи понатаму. Овој меч може да биде еден од последните натпревари, не знае никој да каже. Наше е да се помачиме и да го одиграме најдоброто што можеме против Мотор. Никој не може да ги обвини играчите што си отидоа. Ние сме актуелен европски првак, а односот кон нас е смешен, ја отвори душата Стоилов.

Натпреаврот против Мотор од групата во Лигата на шампионите, каде Вардар сеуште го нема обезбедено пласманото во нокаут-фазата, се дочекува во непријатна атмосфер. Од редовите на Вардар заминаа неколку ракометари, а финансиска криза трае предолго.

-Нè очекува тежок натпревар. Се наоѓаме во тешка ситуација. Си замина важен играч, Криштопанс. Да бидеме реални, Вардар не е иста екипа со и без него. Ова не е ново со проблемите, веќе долго време се влече…Тешко е. Се надеваме пред полна сала и мотивирани, ќе одиграме добар меч, вели Стоилов.

Криштопанс до крајот на сезонава ќе игра во бундселигашот Фуксе Берлин, а Атман замина во Спартак Москва. На крајот можат да заминат сите првотимци, а Стоилов за себе вели дека не размислува за нова средина.

 

Треба да знаете
Последни објави