Search

Стоилковски: Филипче фатен во лага, владината „Малмед“ тврди дека уништениот инсулин е без недостатоци

Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Аферата со уништување на инсулин покажува дека се фатени живи во сомнеж за постоење на криминал. Документите несомнено покажуваат дека уништен е инсулин со валиден рок на траење. А, сето ова отвора простор за кривично гонење од основното јавно обвинителство.

Аргументите на министерството за здравство се лажни и неуверливи.

Јавно ги повикуваме да го објават датумот кога уништениот инсулин е набавен. Ако се знае дека нема инсулин со рок на траење поголем од две години, а уништениот имал рок на траење уште 6 месеци, јасно е дека инсулинот е набавен во време на оваа власт.

Дополнително министерството за здравство нема никакво образложение за причините зошто тој инсулин го прогласува за сомнителен.

Напротив ова е известување на Aгенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) од октомври 2017-та година, што покажува дека е направена анализа на инсулинот при што констатирала дека инсулинот е во одлична состојба и не се најдени никакви недостатоци.

Го повикувам Венко Филипче да каже кога е произведен инсулинот кој беше уништен, а беше со рок до 6-ти односно до 7-ми месец 2020 година. Ова известување на Агенцијата покажува дека Венко Филипче лаже кога тврди дека порано е набавуван инсулин со сомнителен квалитет. Ова не непобитен доказ дека е уништен здрав инсулин.

Ова отвора сомнеж дека владата и Филипче уништиле здрав инсулин за да има нов тендер каде добитник ќе биде компанија блиска до власта.

Филипче треба кривично да одговара за овој скандал.

Треба да знаете
Последни објави