Search

Стоилковски: Семејните компании на Заев вртат над 56 милиони евра годишно

Семејните компании на Зоран Заев вртат над 56 милиони евра годишно.  Тоа се 56 милиони причини и сомнежи за корупција. Се додека на јавна функција се политичари кои што се сопственици, или влијателни акционери на компании, има можност за корупција и влијание на економските текови на државата. Во овој случај, најмалку 12 компании на кланот Заеви, може да бидат причина за корупција и за насочување на државните економски текови. Ваквата состојба, отвора можност економските политики на државата да се креираат соодветно на бизнис интересите на компаниите на функционерите. Се остава можност за штелување на условите на државните тендери, да се приспособуваат во однос на капацитетот на овие фирми.

Почитувани, Примери за ова има многу, од тендерите во здравството директорка – ќерка дели тендер на татко – бизнисмен, преку примерот со вицепремиерот Анѓушев и случајот „Тополки“, примерот со Фондот за иновации за тоа колку семејни компании имаат јавни функционери, но најекспониран е примерот на Зоран Заев и 12-те компании поврзани со неговото семејство. Да потсетиме, Советот за јавни набавки е укинат, односно нема контролен механизам за проверка на сите тендери, лиценци и договори што ги добиваат, на пример, фирмите на Заеви, за да се види дали има префрлање на буџетски пари, дали конкурирале и добивале државни бизниси? Во исто време Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорти, градби, ископи, позајмици, до полињата со марихуана.

ВМРО-ДПМНЕ бара сите политичари кои што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да се отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и насочување на економските текови на државата кон лични цели.

Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компаниите на политичари кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, оставаат реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го отуѓи делот и повеќе не е сопственик на компанија. Очекуваме Заев и оние од неговиот октопод да го сторат истото. Доколку не го сторат тоа само ќе ја засилат перцепцијата дека државните функционери, како премиерската функција се користат за влијание и зголемување на профитите на семејните фирми.

 

 

Треба да знаете
Последни објави