Search

Стоилковски: Предлогот Кацарска за уставен судија е „награда од мафијата“

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски рече дека предлогот на Судскиот совет судијката Добрила Кацарска да биде предложена за нов судија на Уставниот суд  е „награда од мафијата“.

-Сосема е јасна наводната заслуга на Добрила Кацарска за да биде дел од уставниот суд. Уставобранителите се во затвор, а криминалците се на слобода. Кацарска судеше и пресуди драконски казни за случајот „Тенк “  , „27 април “ потоа за процеси од СЈО а беше дел и од судскиот совет што го очисти Зоран Заев во предметот „Поткуп“ . Кацарска ја осуди Гордана Јанкуловска за „мерцедесот“ во кој што се вози Заев, а го осуди и Митко Чавков, значи двајца министри за внатрешни работи од претходната влада. Сега мандатот во уставен треба да и е награда за испорачаното за потребите на мафијата. После овој предлог за Добрила Кацарска да биде дел и да има мандат во уставниот суд никој во оваа држава од власта нема право да убедува дека владата планира борба со корупција и владеење на правото, рече Стоилковски.

Тој го коментираше и спроведувањето на Јанкулоска во „Идризово“, како и видеото кое се појави во јавноста.

-Снимањето на Гордана Јанкуловска во затвор е хранење на личната злоба на мафијата со затворање на неправедно осудени лица. Со вчерашното снимање на Јанкуловска во затвор повредени се и основните  човекови права согласно уставот и конвенциите за човекови права Согласно членот 25 од уставот ќе прочитам на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватност на неговиот личен и семеен живот на достоинство и угледот. Повреден е и членот и 152 од кривичниот законик со тоа што неовластено се направени видео снимки од службени лица кои биле во затворот што предвидува и казна затвор до 3 години. Оттука го повикуваме народниот правобранител да не молчи и да отвори случај за повредување на човекови права а го повикуваме и јавното обвинителство да отвори случај против службениот кој што ја направи таа фотографија  и таа снимка. Мафијата на власт почитувани го спроведува најголемиот криминал во историјата на Македонија, а штитејќи го својот криминал врши политички  прогон против политички неистомисленици, рече портпаролот.

 

Треба да знаете
Последни објави