Search

Стоилковски: Правда ја призна грешката и ги прифати нашите принципи за законот за јавно обвинителство

Министерството за правда вчера по неколку денови соопшти дека ги прифаќа трите принципи од ВМРО-ДПМНЕ кои што беа поставени како основа врз која што ќе се разговара во креирањето на текстот на законот за јавно обвинителство, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој оцени дека е добро што Mинистерството вчера признало дека ги прескокнало сите меѓународни документи кои водат до современо, непартиско, отчетно и храбро Јавно обвинителство кое би работело за заштита на граѓаните врз база на почитување на човековите права, и дека укажувањата од ВМРО-ДПМНЕ се во таа насока.

„Со прифаќањето на трите принципи поставени од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Рената Тренеска Дескоска признаа дека не се работи за злоупотреби од страна на опозицијата, туку напротив, за нивна злоупотреба од позиција на моќ кон носење на закон кој што не доликува на европска држава и закон врз кој што би се градело обвинителство во служба на извршната власт. Овој закон мора да биде донесен со консензус со опозицијата и за него е невозможна трговија ниту пак откажување од било кој од трите наведени принципи“, рече Стоилковски.

Додаде дека е добро што Заев и Дескоска не бегаат и не игнорираат аргументирани предлози кои ќе овозможат борба со коруптивните и криминогените дејствија на власта.

Треба да знаете
Последни објави