Search

Стоилковски: По „Рекет 1“, пред очите на јавноста експлодира аферата „Рекет 2“

Власта е повторно фатена во криминал до гуша.Рекетот, корупцијата и притисоците се одлика на владеењето на Зоран Заев. По „Рекет 1“, пред очите на јавноста експлодира аферата „Рекет 2“.

И повторно, место одговори и одговорност, власта прозива новинари и медиуми во паничниот обид да се покрие скандалот. И повторно во аферата се вклучени меѓународни компании кои доаѓаат од земји, пријатели на Република Македонија.

Почитувани,

Не смее да минуваат месеци без да се расчисти оваа афера и да нема соодветна и професионална истрага.

Затоа повикуваме, Господине Филипче, Господине Дончев, престанете со притисоците, поднесете си оставки и овозможете истрагата да заврши професионално. Сторете го тоа уште веднаш и покажете дека не сте како Зоран Заев и дека борбата против криминалот и корупцијата не е само празен збор на хартија. Октоподот на власт рекетира компании и лица со вклученост на сиот правен, јавнообвинителски и финансиски систем.Рекетот 1-скандалот кој што сите го видоа и го слушнаа, ниту е единствен, ниту е прв.

Поднесена е кривична пријава од сопственик на приватна компанија против директорот на ФЗОМ, Дончев и министерот за здравство,  Венко Филипче, во која што пријава се  наведува дека двајцата уценувале за да се стекнат со имотна корист од купопродажниот договорна компанијата- „Рекет2“.Во пријавата стои дека со тоа бил запознаен и Зоран Заев.Се работи за големи компании, а во разговорите бил вклучен лично и амбасадорот на Шведска.

Дончев е збунет. Ни тој не може да се оправда зошто се мешал во односите на приватни компании.Денеска соопшти дека го предупредил странскиот инвеститор во јануари 2018 година иако немало никаква правна основа за тоа.Всушност истрагата е започната дури 10 месеци потоа, за од ноември 2018 до сега се уште нема ништо од неа.

На денешната прес конференција на Ден Дончев, директорот на ФЗОМ, не одговори јасно дали се знаел и дали имал контакти со Зоран Милески Кичеец.Тоа е истиот тој којшто ги носеше парите, рекетот од случајот „Рекет 1“. Тој децидно не негираше дека вршел притисок врз приватната компанија со уцена преку спречување на нејзина продажба на странски инвеститори.

Дончев денеска децидно не демантираше ниту злоупотреба и вмешаност на Управата за финансиско разузнавање за притисок врз приватната компанија. Намерата е јасна. Денеска Ден Дончев не одговори на прашањата дали имало изнуда на пари, дали тој и Венко Филипче  како министер за здравство рекетирале и  уценувале, дали ги злоупотребиле институциите како Управата за финасиско разузнување?Дончев не одговори зошто Фондот со кој што директорува ако има сомнеж во работењето на компанијата чијашто продажба се обидел да ја спречи, продолжува да работи со неа и непречено да и префрла пари уште од јануари минатата година, кога се обидува да и наштети при договорот за продажба.Зошто речиси две години Фондот соработува со компанијата, а Дончев се обидува да ја минира странската инвестиција,врши притисок врз домашен бизнисмен и неговите банкарски сметки, а во тие две години нема докажан криминал?

Тука би појаснил дека ниедна сериозна странска инвестиција, странска компанија не би инвестирала без да направи сериозна анализа, уште помалку ако во тоа се вклучени и дипломатската мрежа на државата од каде што  е инвеститорот.Ова е срам за Македонија, ова е пораз на Македонија, ова е девастирачки за економијата, бизнисот, за иднината на Република Македонија!  Ова е голема афера за која што зделката е видлива, намерата е предвидлива, злоупотребата на институциите е јасна.Ова е афера која уште еден доказ, случај за рекетарското здружување во власта.Ова е уште еден рекет , корупција и криминал кој што излегува од границите на Република Македонија, како што  беше и со „Леонардо“, така е и со „Рекет 1“, така е и со „Рекет 2“ случајот на Ден Дончев и Венко Филипче.

Рекетарскиот октопод нема ниту сака да го расчисти овој скандал, да расчисти со криминалот, со корупцијата, не сака да се стигне до главата на октоподот, до водачот на државната мафија.Колку побрзо се распишат предвремени избори толку побрзо правото и правдата ќе ја преземат работата во своите раце.

Треба да знаете
Последни објави