Search

Стоилковски: Потребна е експертска влада која ќе воведе реални мерки за надминување на ситуацијата со КОВИД-19

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“  зборуваше за целата ситуациија во државата поврзана со КОВИД-19 и рече дека да се надминат овие погубни политики на власта  потребно е да се формира експертска влада  која ќе воведе реални мерки кои ќе дадат ефекти.

-Се воведе полициски час во моменти кога имавме многу помали бројки на заразени и на починати. Зошто? Затоа што на оваа влада тоа и одговараше за да може да направи мапирање на социјални семејства кои понатаму кои требаше да ги примат оние нивни наводни донации и поткуп за избори. Можеби сега такво нешто би се случило во Штип за чисто да ги уценат луѓето да се појават на избори само за да може да има некаков легитимитет нивниот единствен кандидат бидејќи се организраат избори во Штип во кој што власта сама си учествува. Мора да се превземат сериозни мерки затоа што државата мерките кои ги превзема народот не верува во нив. Мора да се врати довербата во институциите дека нешто се превзема, а како ако не со експертска влада  и пред се со воведување на реални мерки кои  што ќе дадат некаков ефект, истакна портпаролот Столковски во своето гостување.

Тој говореше и за измените на Собранискиот деловник каде посочи дека досега тој деловник се носел врз основа да има консензус од сите политички парламентарни  партии особено помеѓу власта и опозицијата. Имено тој во своето гостување посочи дека измените на Собранискиот деловник ниту биле слушнати, ниту биле прифатени ставовите на опозицијата.

-Собранискиот деловник го регулира однесувањето и работата во Собранието, во законодавниот дом, место каде што би требало да се надградуваат законските решенија што власта би требало да ги предлага со помош на опозицијат,а да бидат донесени за да бидат за заедничко добро за сите. Но Собраниски деловник се носи и досега било практика да се носи  со тоа што ќе има консензус од сите политички парламентарни партии особено помеѓу власта и опозицијата за да биде донесена било каква измена, да се направи на Собранискиот деловник. Не само што не е договорено кога ќе се најде деловникот на собраниска седница, туку воопшто за изработка на измените на Собранискиот деловник  воопшто не беа прифатени ставовите ниту беа слушнати, ниту беа посакувани ставовите  на опозицијата. Се работи на тоа што власта бегајќи од тенкото мнозинство сака да направи измена за да воведе е-собрание односно да се гласа и да се учествува во работа преку интенет комуникација што во превод тоа значи кршење на Уставот, додаде Стоилковски во своето гостување.

Треба да знаете
Последни објави