Search

Стоилковски: Му пресудија на Груевски без докази

Стоилковски: Му пресудија на Груевски без докази

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес-конференција изјави дека случајот со актуелниот пратеник Никола Груевски бил класичен пример за политички мотивиран судски процес, кој во иднина верува дека ќе се изучува на правните институти.

„Во случајот не се пресуди според докази, бидејќи ги нема, не може да има докази затоа што нема криминал. Од спектакуларните најави и обвинувања за криминали тешки милијарди евра, остана едно големо ништо. Фактите се следни: за набавка на автомобилот спроведен е тендер. По изборот на компанијата која ќе го набави немало никакви понатамошни жалби ниту забелешки. Ниту е остварена противправна имотна корист, ниту е нанесена штета. Ова е политичка хајка за народот, наводно за набавката на блиндираниот автомобил, кој што сега Заев продолжува да го користи. Велеа дека бил уништен и изгребан, па откако го сликаа и купија денот со сликање, го изгланцаа и ставија во погон за превоз на делегации. Самиот случај е правен преседан“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски рече дека автомобилот бил набавен бидејќи постојаниот бил стар две децении, амортизиран и со помината безбедносна ефикасност.

„Македонија сега има барем едно репрезентативно возило. Токму СЈО и Кацарска судството направи политички случај кој е извор на манипулации и дезинформации, за имот кој остана во наследство на Република Македонија.Ова е уште еден еклантатен пример каде се докажува пристрасноста и политичката хајка која ја води Заев преку Кацарска судството“, додаде Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави