Search

Стоилковски: Македонија се претвори во држава на мафијата

Секоја држава има мафија, само Република Македонија се претвори во држава на мафијата! Што уште треба да се случи и каков ли извештај треба да излезе за Оливер Спасовски и неговиот ментор Зоран Заев да понесат одговорност за своето однесување и намерно или ненамерно замижуваат пред цутењето на криминалот во државата, за кое што веќе и меѓународно се анализира дека има политичка поддршка, праша  Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Извештајот на Глобалната иницијатива против организираниот криминал презентиран неодамна во Виена ги открива спрегите на организираниот криминал на Балканот, и недвосмислено пишува дека криминални групи во Македонија уживаат политичка заштита.
Пишувајќи за жариштата се наведува дека главните криминални групи во Скопје се групите од Арачиново, Кондово и од Грчец и тие уживаат политичка заштита. Тие ги водат трговијата со дрога, кражбата на возила, шверцувањето мигранти, но имаат и легални бизниси кои овозможуваат транспорт за шверцот, и можност за перење на пари.
Според пренесено сведоштво на полициски службеник за делувањето на граничните премини пишува дека: Службениците на граничните премини се под контрола на партиски функционери, при што се овозможува шверц во замена за поддршка за владејачката партија
По полноќ, околу 3 часот, полициските и царинските службеници често добиваат наредби од нивните шефови да ги исклучат сите камери и да замижат на околу половина час, за што добиваат соодветна награда. Тогаш минуваат камионите на криминалните групи кои се во спрега со власта“, рече Стоилковски.

Тој ги повика Оливер Спасовски и Зоран Заев да кажат кои се политичарите кои што стојат зад организираните групи од Грчец, Кондово и од Арачиново?

„Дали и кои други криминални структури уживаат политичка поддршка во замена за поддршка или лично богатење? Кој или кои се тие што наредуваат да се гасат камери и да се премижува на граничните премини додека се одвива нелегалниот транспорт? Дали ваквите дела се во врска со изјавата на Заев дека сопрел истрага за корупција за членови во владата? Дали делата се врзани со фотографиите на Заев со звучни имиња од подземјето?
Дали Спасовски и конечно ќе ги расчисти низата убиства, како она на Партизанска во Скопје, додека убиецот на Мартин Јанушев се уште е на слобода?“, праша Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави