Search

Стоилковски: Кој е благајникот со брада во струмичко?

Цела недела откако експлодираше аферата Рекет2, Венко Филипче никаде го нема. Министерот Филипче има кривична против него, по кој знае кој пат има афера за криминогени дејства, овој пат се споменува во Рекетирање, ама тој не чувствува потреба да излезе во јавноста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Истрагата за „Рекет 2“ не смее да биде забошотена. Ден Дончев и Венко Филипче мора да си поднесат оставки затоа што од позиција на моќ може да влијаат врз работата на истражните органи, може да влијаат врз докази и сведоци. Истрагата не смее да тапка во место. Мора брзо да ги даде одговорите: Дали зад намерата на Ден Дончев и на Венко Филипче да се сопре продажбата стои изнуда на пари и месечни транши кај благајник со брада во струмичко? Дали Дончев комуницирал или на некој начин бил во контакт со Зоран Милески Кичеец? Зошто ако имало криминал ФЗОМ продолжил со соработката со компанија за која се сомнева дека има криминал? Кој е благајникот со брада во струмичко? Дали е злоупотребена и вмешана Управата за финансиско разузнавање? – праша партискиот портпарол, Наум Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави