Search

Стоилковски: Заев и СДСМ кукавички избегаа од избори

Зоран Заев и СДСМ кукавички избегаа од избори, бидејќи знаат дека жестоко ќе ги загубат, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој рече дека кукавичкото бегство на Заев да се соочи со граѓаните било најдобар доказ дека вистинските анкети говорат оти власта е без поддршка од народот и дека Заев губи.

„Образложението дека ќе се закочеле реформите и затоа ќе немало избори е само параванот зад кој што стои стравот од поразот на избори. Едно е сигурно а тоа е дека токму владата е главната пречка за сите реформи и затоа треба да падне“, изјави Стоилковски.

Според опозицијата, СДСМ и Заев се во голема паника и страв и не сакаат избори затоа што ќе ја загубат власта, која за нив значи пари, богатење, заштита на криминалот и на непотизам.

„Да не заборавиме дека оваа власт опстојува вештачки, без реална поддршка од граѓаните, беше формирана без мнозинската поддршка од народот, сега одбива да се соочи повторно со граѓаните. Не е до реформите, Заев и СДСМ не сакаат избори, затоа што така ќе си ги загубат привелегиите, криминалните тендери, непотоизмот и можностите за корупција и затоа што треба да одговраат пред словото на законот за сето ова“, рече Стоилковски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претседателските избор.

Треба да знаете
Последни објави