Search

Стоилковски: Зад паниката на Костадинов се крие личен интерес

Мотивите на Костадин Костадинов за заташкување на истрагата за „Рекет“ се јасни. Се работи за страв јавноста да не дознае дали во телефонот на Боки Тредичи имало фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина за него, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Но вистинската паника за размотување и за расчистување на случајот „Рекет“ е кај Зоран Заев, кој што е главата на криминалниот октопод, кој како што вели Боки 13, Тредичи знаел за рекет системот.

Во зградата на владата зад нас седи човекот, кој што е премиер на Република Македонија и ја имал апсолутната власт во државата, додека е вршен милионскиот рекет, врз десетици бизнисмени во Република Македонија.

Целата оператива на МВР, со БЈБ и УБК, УФР, УЈП, Царинската управа и Финансиската полиција е де факто под Зоран Заев. Не постои сериозен човек во државата, кој што верува дека Заев не знаел за „Рекетот“. Тој едноставно морал да знае.

Неделувањето на овие органи во насока на сузбивање на криминалот е само сигнал, само знак дека Зоран Заев стои зад рекет системот, кој директно е вршен преку СЈО, како алатка за затворање и ослободување на рекетираните.

Токму затоа Зоран Заев но и сите институции со месеци ја развлекуваат истрагата. Катица Јанева е алката без која не е можен рекетот, но и човекот кој што очигледно многу знае за него.

Доколку истрагата немаше што да крие Јанева одамна ќе беше во притвор, без шанси за форматирање на телефони, да оди надвор од државата и потенцијално да брише докази или да влијае врз сведоци.

Дали Јанева е привилегирана затоа што нејзиниот пад ќе значи и пад на владата? Дали Јанева е одговорот на прашањето дали ташната со пари завршила тука на Илинденска, во зградата зад нас?

Истрагата се развлекува само за да се заштити врхушката на власт. И тоа се мотивите зошто Заев е толку нервозен. А, токму тоа се и мотивите и зошто се потребни брзи предвремени парламентарни избори час поскоро.

Треба да знаете
Последни објави