Search

Стоилковски: Во земјава нема криминал без Заев во него, да не се крие и да одговори за 300-те илјади евра кој ги земал од Дака

Има ли криминалец кој што не е во врска со Заев? Има ли бизнисмен со сомнително досие, кој што не е во спрега со Заев? Во земјава нема криминал без Заев во него.

Зоран Заев треба да оди во затвор поради очигледен криминал.

Зоран Заев земал 300.000 евра, за поткуп, за спроведување на Референдумот против волјата на граѓаните! Заев земал 300.000 евра поткуп, за македонско земјиште во Тетово, во Штип. Заев, влегувал во нечесни игри не само со подземјето со кое што раководи во Македонија, туку и во бесрамни односи со бизнисмени со руски врски на Балканот!

Чесното на Заев се вика криминал, корупција и понижување. Бла бла муабети се кога Заев зборува за справување со криминал, корупција и владеење на правото. А, вистината е кога Заев во стилот Ал Капоне трпа пари во Луј Витон куфери и не одговара за тоа.

Има ли посрамно за една држава за еден народ, да слуша како премиерот со странски изрекетирани пари правел бизниси. Земал, рекетирал пари за црно финасирање на референдумот за да ја свитка кичмата.

Миодраг Давидовиќ – Дака, познат по наводи за руски врски и преживеан атентат, самиот зборува дека му дал на Заев 300.000 евра, дека го финансирал референдумот, дека сега му бараат пари да финансира други агенди, дека му нуделе земјиште, и дека од тоа земјиште, му одзеле 2.000 квадрати!

Дака е снимен во разговор со Кичевски, како врска на Заев, Кичевски осуден за „Рекет“ откако го призна делото.

Дака зборува за Рашковски, како човек извршител на криминогените дејанија на Заев. Рашковски, генерален секретар на влада, човек снимен и човек за кој што има индиции за криминоген тендер тежок милиони евра без завршница!

Дака зборува за Заев како за нечесен и лажлив.

Дака одбива да дава повеќе пари и вели – „Јас вас ви дадов 300 илјади евра и 2.000 квадрати работата не е завршена, што сакате уште“! Заев е вмешан во огромен поткуп, земал пари за услуги, ги ветувал од позиција премиер. Ја делел земјата, и за тоа земал пари!

Но Луј Витон, „трас трас“ правосудниот систем, тука не реагира!! Нема никаква реакција, како и за се’ кога во прашање е Зоран Заев, човекот што ги држи в скут Рускоска и Јовески! Тоа е директно прикривање на криминал.

Почитувани,

Македонија повеќе не може да издржи компромис со криминалот! А, СДСМ покажа дека единствено што можат повеќе е криминал, повеќе корупција и повеќе порази.

Да ставиме крај на виткањето на кичмата. Исправи се Македонијо, одбери обнова!

 

Треба да знаете
Последни објави