Search

Стоилковски: Власта партиски вработува 100 нови лица во Македонски шуми

Администрацијата се полни со партиски кадри и роднински врски, а за професионалците нема место, обвини на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој рече дека испринтани се одлуки за прием на околу 100 нови вработени во Македонски шуми.

„Реформа во администрацијата на Македонски Шуми, не може да внесат роднина на Генералниот директор, вработена во подружницата Бор во Кавадарци; или пак син на Директорот на подружницата Малешево Берово вработен кај татко му. Во подружницата Сандански во Македонски брод синот на градоначалникот, потоа неговиот внук и синот на раководител на подружницата. Во Скопје ќерката на Директорот на секторот за производство, или во Радовиш ќерката на Инспектор за шумарство, познат партиски активист, како и ред други, дел од над 30 вработувања во Македонски шуми, како дел од проектот Мрежа од роднини и активисти на СДСМ за полнење на администрацијата според општинските Црни тефтери“, рече Стоилковски.

Тој порача македонските граѓани да се приклучат кон протестот на ВМРО-ДПМНЕ в среда.

Треба да знаете
Последни објави