Search

Стоилковски: Власта и обвинителството освен Курто Дудуш ги штитат и заканувачот градоначалник од Демир Хисар и шверцерот од Ново Село Боро Стојчев

Власта и обвинителството освен Курто Дудуш ги штитат и заканувачот градоначалник од Демир Хисар, шверцерот од Ново Село Боро Малборо и други напаѓачи и други насилници.

СДСМ и нивното Луј Витон реформирано судство, повторно испратија порака; ако си наш  може да тепаш, ќе минеш со опомена.

Курто Дудуш, градоначалник насилник и тепач во Шуто Оризари, мина како што велеше, членската на СДСМ ќе ви биде СЕ’ – и лична карта и возачка и здравствена – и еве сега и полициска и судска заштита. Дудуш обвинет за физички напад врз сограѓанин на прослава, признал вина и помина со судска опомена. Минатата година сета јавност го слушаше Дудуш како тепа, навредува и заплашува сограѓанин.

Случајот Дудуш е продолжение на односот кон насилниците – функционери на Заев и на СДСМ кон граѓаните. Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски отворено се закануваше и заплашуваше родители и наставници пред нивните деца во училница! Се закануваше дека „работел во МВР“, ги следел, ги снимал нивните разговори по телефон. Нема одговорност за него, иако го призна делото, мина со информативен разговор со полицијата.

Дури и градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, уапсен за шверц со цигари, кога било и пукано кон полицијата, мина речиси без казна. Судството на Заев му пресуди само 6 месеци само за да продолжи да функционира како градоначалник на Ново Село.

Почитувани, јасно е од каде е силата и самоволието на функционерите на СДСМ, од каде се фалбите дека  никој со ништо не може да им се спротивстави. Сега е јасно дека освен политичка, имаат и полициска и судска заштита од СДСМ и Заев.

Заев и СДСМ се виновни за поразите, за измамите и за криминалите. На 12-ти април следува одговорност. Заев никогаш повеќе.

Треба да знаете
Последни објави