Search

Стогодишник осомничен за убиство во Белгија

Белгиската полиција уапси маж на возраст од скоро 100 години, којшто е осомничен за убиство во дом за стари лица.

Властите притвориле човек, наводно на 99 или 100 години, под сомнение дека убил друг маж – штитеник од домот каде што живееле. Немилиот настан се случил во понеделникот. Обвинителството во Гент, Белгија, потврди дека жител на домот е в притвор под сомнение за убиство.

Податокот дека осомничениот има „99 или 100 години”, го прави, веројатно, најстариот притвореник во Белгија. Последниот познат случај на убиство во дом за стари лица во Белгија се случи во 1990-тите – според водечката тамошна Организација за стари лица.

Треба да знаете
Последни објави