Search

Стипендии за македонски студенти во Турција

Стипендии за македонски студенти во Турција

Дирекцијата за Турците во странство и сродните заедници (YTB) распиша конкурс за доделување стипендии за додипломски, мастер и докторски студии за странците, кој останува отворен до 20 февруари.

Од Дирекцијата за Турците во странство и сродните заедници е соопштено дека започнало пријавувањето за стипендии за студиите на одбраните и престижните универзитети во Турција. Турција на студентите од сите делови на светот им нуди можност за надоместоци за сместување, оброк и здравствено осигурување. Исто така, платени се и авионските билети за првото доаѓање, односно за враќање по завршувањето на студиите.

Турскиот фонд за стипендии „Turkiye Burslari“ нуди можност за стипендирање на повеќегодишното школување на престижните турски универзитети или на програмите кои траат пократко.

Владата на Република Турција обезбедува средства за стипендии на странски студенти, со цел да го поддржи развојот на образованието на младите во пријателските држави. Целта на Турција е и преку образованието да воспостави мостови на пријателство меѓу индивидуи и држави, како и тоа, да одговори на современата потреба за квалификувани човечки ресурси.

Бесплатните пријави за турските стипендии се вршат исклучиво електронски и се упатуваат директно до надлежните служби во Турција преку онлајн платформа на која може да се пристапи преку линкот www.turkiyeburslari.gov.tr.

На страницата се наоѓаат и детални упатства за стипендиите и постапката за аплицирање. Пријавите донесени лично или пратени преку пошта нема да се разгледуваат.

Досега оваа програма на стипендирање ја користеа неколку десетици илјади лица. Околу 17.500 млади од 160 земји, стипендисти на Фондот, студираат на универзитетите во неколку турски градови.

Во рамките на програмата која има значајна улога во турското високо образование, секоја година се стипендираат околу 7.000 странски студенти.

Младите луѓе кои ќе ја поминат првата фаза на оценување ќе бидат поканети на разговор кој се врши на 100 места низ светот, предводен од академски работници и стручен кадар на Дирекцијата за Турците во странство и сродните заедници (YTB). Лицата кои поминуваат во следниот круг имаат право да добијат стипендија. Кандидатите имаат можност да го изучуваат турскиот јазик една година, а потоа да бидат распоредени на некој универзитет кој бил еден од нивниот избор.

Треба да знаете
Последни објави