Search

Стинг вторпат доаѓа во Скопје

Sтинг доаѓа по вторпат во Скопје. Светската рок ѕвезда ќе одржи концерт на 2 јуни следната година во Националната арена „Филип втори“.

„По рекордно брзо распродаденото шоу што се одржа во Вип Арената на 15 октомври, 2017 година, во рамки на ’57th & 9th’ турнејата, Стинг се враќа во Скопје на 02.06.2019, овој пат со историско стадионско шоу на нашата арена со која сме сите горди, ‘Филип Втори’. Стадионот за првпат ќе биде место на кое ќе се одржи концерт на една светска ѕвезда од калибарот на Стинг“, велат од Авалон продукција.

Во рамките на турнејата „My songs“ која во суштина претставува best off tour, Стинг ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло кариерата. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в среда, 19 декември во 09 часот наутро, а цените ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.

Следната година, освен Стинг, концерти во Македонија ќе одржат и Лени Кравиц и Ерос Рамацоти, во организација на Авалон продукција.

Треба да знаете
Последни објави