Search

Стив Брус е минато за Њукасл

Стив Брус повеќе не е менаџер на Њукасл откако денеска го раскина договорот со премиерлигашот.

Споре информациите двете страни се согласиле на прекин на соработката поради слабите резултати на тимот сезонава. Црно-белите се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата со само три освоени бодови на осум натпревари и без ниту еден триумф.

Поразот од Тотнем од 2-3 минатиот викенд на „Сент Џејмс Парк“ беше 1.000-ти за Брус во Премиерлигата и последен на клупата на Њукасл.

Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер јунајтед беше менаџер на Њукасл од летото 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави