Search

Стејт департмент: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот помеѓу Ереван и Баку за Нагорно-Карабах.

Соопштението уследи по состанокот во петокот помеѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан. Во меѓувреме, Минск групата ОБСЕ наведе дека шефоовите на дипломатијата на Ерменија и на Азербејџан ќе имаат нова средба на 29 октомри.

„Во текот на интензивните разговори, копретседателите и министрите за надворешни работи разгледуваа спроведување на итен хуманитарен прекин на огнот, посебен начин на контрола на прекин на огнот и клучните елементи на се опфатно решение“, се наведува во соопштението од Минск групата.

Претходните две примирја, постигнати со посредство на Русија не успеаја. Двете страни меѓусебно се обвинуваа за нивното прекршување.

Треба да знаете
Последни објави