Search

Стејт департмент: Можно е Асад повторно да користи хемиско оружје

САД имаат сомнежи дека сириската влада користи хемиско оружје, вклучително и наводниот напад со хлор во северозападна Сирија, што се случи во неделата, соопшти синоќа Стејт департментот.

– За жал, забележуваме дека режимот на Асад повторно го употребува хемиското оружје, вклучително и во наводниот напад со хлор во северозападниот дел на Сирија на 19 мај, изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Според него, САД и натаму собираат информации за наводниот напад, а во случај да се покаже дека е користено хемиско оружје, САД и нејзините сојузници, како што рече, ќе реагираат брзо и соодветно.

Треба да знаете
Последни објави