Search

Стејт департмент: Иран продолжува со нуклеарна уцена

Иран ја продолжува својата „нуклеарна уцена” со заживување на активностите за збогатување ураниум, изјави портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Таа додаде дека Вашингтон ќе продолжи да врши „максимален притисок” врз Техеран.

– Иран нема веродостојна причина да развие програма за збогатување ураниум во објектот Фордо или на друго место. Тоа е јасен обид за нуклеарна уцена што ќе ја влоши политичката и економската изолација, изјави портпаролката.

Ортагус додаде дека рестартирањето на програмата за збогатување на ураниум, што е во спротивност со клучните нуклеарни обврски на Иран, е „голем чекор во погрешна насока” и означува ризик што Иран го претставува за мирот и меѓународната безбедност.

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера објави дека Иран ќе ги продолжи своите активности за збогатување ураниум во неговиот објект „Фордо”, на 180 километри јужно од Техеран.

Треба да знаете
Последни објави