Search

Стејт департмент: Албанија не ги исполни ни минималните стандарди против трговијата со луѓе

Годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за трговијата со луѓе за 2019 година повторно ја класифицира Албанија во групата Тиер 2, оценувајќи дека иако властите презеле значителни напори сепак не ги исполнила целосно минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе.

Владата, како што е наведено во извештајот, генерално покажала зголемени напори во споредба со претходниот период, но во некои клучни аспекти не се исполнети ни минималните стандарди.

– Жртви на трговијата со луѓе се албански, но и странски државјани кои ги искористуваат во Албанија, како и жртви од Албанија во странство. Албанските жени и деца се предмет на сексуална злоупотреба и принудна работа во земјата, особено за време на туристичката сезона, се наведува во извештајот.
Според извештајот, албанската Влада продолжила со истраги, и гонење и покренала судска постапка во мал број случаи, што довело до најниско ниво на спроведување на законот во последните четири години.

Сепак, во извештајот се посочува дека Владата ги зголемила напорите за спречување на трговијата со луѓе со усвојување на национален акционен план за периодот 2018/2020.

Трговците со луѓе користат лажни ветувања како што се брак или понуда за вработување за да ги привлечат жртвите на сексуална трговија. Децата обично се принудени да питачат или да вршат други видови на принудна работа, како што е продажба на мали предмети.

Стејт департментот препорачува засилени мерки, истраги, обвиненија и пресуди против трговците со луѓе, вклучувајќи ги и соучесниците службеници, како и воведување построги казни, отворање центри за сместување на жртви од трговија со луѓе, зајакнување на полициските и судските институции, како и поголема медиумска вклученост во информирање на јавноста за овој проблем.

Треба да знаете
Последни објави