Search

Стејт департментот предупреди за можен терористички напад во Барселона

Aмериканскиот Стејт департмент издаде предупредување до туристите кои планираат да патуваат во Барселона, Шпанија во текот на празниците дека е зголемен ризикот за терористички напад околу Божиќ и Нова Година, пренесува РТ.

Стејт департментот го објави своето предупредување за патување на Твитер во неделата, укажувајќи на тоа дека посетителите на Шпанија во текот на празниците треба да внимаваат ба возила во движење и да бидат претпазливи кога се во туристички места и транспортни центри, бидејќи терористите може да нападнат со мало или без предупредување.

Советуваното ниво за патување во Шпанија,според Стејт департментот, е на два од четири, веднаш под  „размислете дали да патувате”.

Барселона и блискиот Камбрилс беа мета на два напади во август минатата година, во кои загинаа вкупно 16 лица и беа повредени повеќе од 150 лица.

Алармот за тероризам на Шпанија е на ниво од четири од пет, или „високо“ по терористичкиот напад од јануари 2015 година на неделникот „Шарли Ебдо“ во соседна Франција.

Треба да знаете
Последни објави