Search

Стеф Кари најави дека ќе игра на Олимписките игри

После дебаклот на Светското кошаркарско првенство во Кина, јасно е дека Американците ќе бараат одмазда, а прв чекор кон тоа е најавата на Стеф Кари дека сака да игра на олимпискиот турнир следната година во Токио.

Ѕвездата на Голден Стејт вориорс кој важи за еден од најдобрите тројкаши во историјата на спортот со портокаловата топка, досега нема играно на Олимписки игри, и сака следното лето да освои златен медал.

„Бев на две светски првенства, и имам две златни медали, но олимписките игри се искуство кое сакам да го доживеам. Се надевам дека тој сон ќе ми се оствари следното лето. Планот ми е да играм, освен ако некоја повреда ми ги расипе плановите” , рече Кари.

Треба да знаете
Последни објави