Search

Стефоска: Обезбедивме буџет од 105 милиони денари само за заштитата на непроценливото културно наследство

Министерката за култура, Ирена Стефоска во денешното гостување на Слободна Тв, рече дека започнаа реставраторски работи на архитектурата на црквата Св.Ѓорги во Курбиново, прва посериозна интервенција, по речиси три децении, за заштита на непроценливото културно наследство од 12 век.

Министерката потенцираше дека средствата се обезбедени, но дека проекти за конзервацијата на фреските се уште не е подготвен. Исто така, посочи и дека повторно е актуелизира нешто од 2017. година, кое и тогаш било предложено да биде културно добро во опасност.

-После 2002 година, проектираниот буџет за следната година е сигурна сум најголемиот дотолку повеќе што оваа година за прв пат отворивме во МФ и потпрограма наречена, обезбедивме 12 милиони денари за почеток. Јас на оваа позиција сум 91 ден но и покрај тоа уште од првиот ден со екипата, со тимот, со овој министерски кабинет ги трасираме и паралелно работиме на неколку фронта за да почне процесот на подобра или системска заштита за која што е потребно да работат надлежните институтиции, нормативниот дел, реорганизација, кадровски екипирање, инфраструктурни екипирања, финансии. Она што би сакала да го истакнам за следната година обезбедивме буџет од105 милиони денари само за заштитата, споредено со оваа година буџетот бил 70 милиони. Во просек минатите 10 години и повеќе просекот за заштита бил 40 до 60 милиони денари. Обезбедените средства се прво наменети за заштита на црквата Св.Ѓорги во Курбиново бидејќи отпочнати е конзервацијата на архитектурата на црквата, превентивната заштита на фреските е направена, надзорот е обезбеден, но, проект за конзервација на фреските се уште не е подготвен. Од тие причини, заедно со музеј Битола и со постоечките кадровски потенцијали во земјава, а пред се, јас како прв човек на МК и екипата, тимот работиме интезивно да обезбедиме и странска поддршка, т.е експертиза коишто ќе се вклучат заедно со домашните експерти во подготовка на проектот за конзервација. Уште во 2017г. управата за заштита на културно наследство иницирала ова културно добро (Св.Богородица, Матејче) да биде ставено како културно добро во опасност повторно се актуелизира таа процедура и колку што сум информирана нац.конзерваториум и управата работат на тоа исто како и во случајот на црква Св.Ѓорги во Курбиново бидејќи ставањето според законската можност на едно културно добро во опасност подразбира мобилизација на сите ресурси во државата, финансиски, кадровски, вклучително и странска експертиза. Повеќе пати кажав дека Ковид ситуацијата многу ни ги комплицира работите бидејќи е невозможно да се патува, веднаш да се реагира, но како и да е има начини сето тоа за почеток да почне и во онлајн комуникација, кажа Стефоска.
Треба да знаете
Последни објави