Search

Стефковски на протест заедно со граѓаните на Автокоманда

Вечерва во Урбаната заедница Автокоманда се оддржа граѓански протест на кој на покана на граѓаните се приклучи и обрати градоначалникот Бобан Стефковски.

-Барањата на граѓаните на Автокоманда се и мои барања. Вечерва на повик на граѓаните се приклучив на граѓанскиот протест на жителите на Автокоманда. Не може Владата и АД Енергетика да го променат снабдувачот со топлинска енергија во Автокоманда без да ги прашаат корисниците. Очекувам да се прифатат барањата на граѓаните и АД Енергетика повторно да биде снабдувач за домаќинствата во Автокоманда, напиша Стефковски на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави