Search

Стефан Темелковски е победник на натпреварот на социјалните медиуми во Северна Македонија

Стефан Темелковски, Менаџер во Дентална Поликлиника Дента Есе победник на натпреварот на социјалните медиуми во Северна Македонија, кој беше организиран од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддршка на Академијата – Да се знае како (Know How Academy) , која е наменета за малите претпријатија.

Програмата се состои од пет клучни основни бизнис модули, кои се специфично наменети да им помогнат на малите и микро претпријатија, во градење на вештините и деловната отпорност. Модулите на обуката се бесплатни и достапни се е на англиски, руски, арапски, украински и турски јазик. Потребни се само 30 минути за да се заврши секој од нив.

Програмата вклучува интерактивна обука, споделување на искуство, информации за локалните извори на финансиска помош и дополнителни ресурси. По успешното завршување на курсот, учесниците добиваат сертификат.

Господин Темелковски изјави: ,,Ми беше задоволство да бидам дел од ЕБОР Академијата Да се знае како во криза (#EBRD Academy ‘Know how to in a Crisis’). Тоа е корисна платформа за проширување на знаењето.

Дента ЕС е основана во 2005 година како клиника за општа стоматологија. Во 2014 година стана една од најголемите стоматолошки поликлиники во Северна Македонија. Денес компанијата има 22 вработени, од кои 15 се жени. Работи согласно ИСО 9001 стандардите за квалитет, користи современа стоматолошка и дијагностичка опрема.

Како победник на натпреварот, господинот Темелковски освои една од петте онлајн обуки на партнерите на ЕБОР Краун Ејџнтс (Crown Agents) во вредност од €1400.

Академијата – Да се знае како (Know How Academy) е креирана од ЕБОР и е финансирана од Европската Унија (вклучувајќи го и нејзиниот хаб за советодавни услуги за европски инвестиции European Investment Advisory Hub), Казакстан и Фондот за поддршка на малите бизниси на ЕБОР (EBRD Small Business Impact Fund) поддржан од Италија, Јапонија, Кореа, Луксембург, Норвешка, Швајцарија, Шведска, САД, Тајпеј Кина.

Треба да знаете
Последни објави