Search

Стефановски победи на „Валелунга” во трка од ТЦР шампионатот

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе ја оствари првата победа во ТЦР шампионат. Тој со својот „Хјундаи” денес беше најбрз на патеката Валелунга.

На второто место се пласира Алесандро Џирадели на „Хонда”, а трет беше Јакопо Гвидети  исто така на „Хонда”.

Во Генералниот пласман води Ерик Бриладори со 114 бода, четири бода повеќе од Салваторе Тавано и шест бода повеќе од Марко Пелегрини.

Следното коло на ТЦР Италија се одржува во Монца на 7-8 ноември.

Треба да знаете
Последни објави