Search

Стефановска: Не стравувам од ништо, Јанева ги потпишува одлуките

„Не е точно дека имало претрес во мојот дом. Не стравувам за својата иднина и нема зошто да бидам инволвирана. Сите одлуки согласно законот ги носи и потпишува Катица Јанева или во нејзино име, овластени јавни обвинители. Јас немам потпишано ниту една одлука која излегла од ова обвинителство, како онаа за пуштање од притвор во домашен притвор, ниту пак тоа за враќање на патната исправа. Не знам дали Јанева треба да стравува“, одговори oбвинителката на СЈО Лиле Стефанова на новинарски прашања на денешната прес конференција.

Со ова Стефанова, која го води предметот „Империја“ ги отфрли информациите дека имало претрес во нејзиниот дом, додавајќи дека не стравува за својата иднина.

Во текот на вчерашниот ден обвинителката Катица Јанева поднесе оставка, а се појавија и информации дека полицијата вршела претрес и во домот на Стефанова.

 

Треба да знаете
Последни објави